Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Студено утро, преку денот променливо облачно, утре дожд

Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на попладнето облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен по должина на Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 18 степени.

Во следните денови утрата ќе бидат студени, а до петок и дневната температура ќе биде под просекот за овој период од годината. Во петок ќе има услови за слаб локален дожд. Од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК