14.8 C
Скопје
3. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Димитриеска-Кочоска: Тоа што СДСМ во време на криза троши пари на билборди покажува дека не ги интересира како ги трошат парите на граѓаните

Tоа е уште еден доказ дека се однесуваат како да нема енергетска криза во државата, како да нема економска криза, како да немаме висока инфлација и сега тие парите ги расфрлаат и ги трошат на глупости, на некакви билборди со комплетно погрешна содржина, а граѓаните знаат дека тоа не е така. Вака потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, одговори на новинарско прашање за коментар во врска со тоа што во време на криза СДСМ троши пари на билборди против ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриеска-Кочоска исто така додаде дека луѓето во СДСМ немаат домаќински пристап во трошењето на парите на граѓаните во време на криза и затоа се потребни предвремени парламентарни избори.

„Повеќе од јасно е дека СДСМ воопшто не го интересира како ќе ги трошат парите на граѓаните и затоа спомнав дека итно ни се потребни предвремени парламентарни избори затоа што овие луѓе немаат домаќински пристап во трошењето на парите. Нив ги интересира да се склучуваат нови коалиции, да си бранат некакви личности, кои од нејасни причини имаат несогласување со ВМРО-ДПМНЕ. Легитимно е во демократски услови некој да не се согласи и да имаат спротивни ставови за одредени прашања, како што е ситуацијата со госпоѓата Арсовска, но во исто време не можам да разберам бидејќи државата има економска и енергетска криза, а тие се занимаваат со глупости, притоа трошејќи ги, ќе повторам недомаќински парите што им ги даваат граѓаните“, потенцира Димитриеска-Кочоска.