Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Јордан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ОН, се сретна со министерот за надворешни работи на Хашмитското Кралство Јордан, Ајман Хусеин ал-Сафади.

Соговорниците изразија задоволство од развојот на билатералните односи, потенцирајќи ја важноста од натамошно унапредување на соработката во рамките на меѓународните организации и институции. Фокус на разговорот беше претстојната Медитеранска конференција на ОБСЕ, што Северна Македонија, како иден претседавач со Организацијата, одлучи да ја организира во Јордан. Подготовките за конференцијата се во тек, а соговорниците изразија задоволство за можноста заеднички да придонесат кон зајакнување на врските меѓу ОБСЕ и земјите – партнери од медитеранот.

Министерот Османи упати благодарност кон Ал-Садафи за подготвителните активности за ко-организирање на Медитеранската конференција која ќе се одржи кон крајот на Октомври во Јордан.

Соговорниците изразија уверување дека Конференцијата ќе биде заеднички успех за двете земји и дека ќе ја зголеми перспективата за заемна билатерална соработка во иднина.

На средбата стана збор и за соодветните регионалните состојби и предизвици при што беше изразен интерес за зајакнување на соработката меѓу двата региони, во областите од заеднички интерес.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +