Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две лица уапсени, девет возачи казнети во акциска контрола во Прилеп

Вчера и денеска, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Прилеп извршија засилени сообраќајни контроли, при што контролирани се 45 возила, а санкционирани се девет возачи.

Од нив, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, три возеле под дејство на алкохол и санкциониран е уште еден прекршок.

Исто така, при контролите на полициските службеници од Одделот за униформирана полиција при БЈБ во соработка со ОВР Прилеп од слобода биле лишени две лица.

На улицата Карпалак од слобода бил лишен Б. М. (23) од Прилеп затоа што при преглед кај него и во возилото „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана.

Кај с. Тројаци, Прилепско, од слобода бил лишен Т. П. (37) од с. Возарци, Кавадаречко, затоа што при контрола било констатирано дека врши јавен превоз без соодветна документација, а притоа не поседувал ни возачка дозвола.

По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК