7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Страотна несреќа во Загреб во која учествувало и македонско возило: Загина Хрват, 6 Македонци поминале со повреди

Еден маж го загуби животот, а шестмина се повредени, од кои тројца потешко.

Дваесетгодишен маж управувал БМВ со загрепски ознаки, кое се движело кон запад по авенијата Славонски, а на раскрсницата при вртење на улицата „Светог Иван“ во Ивања Река поминал на црвено светло на семафорот.

А од правец на Загреб, на зелено светло на семафорот на раскрсницата влегло комбе „мерцедес“ со македонски национални ознаки, управувано од 25-годишен Македонец.

При судирот двете возила излетале покрај коловозот, по што се запалило БМВ-то, а пожарот се проширил и на комбето Мерцедес во кое имало вкупно шест државјани на Македонија.

На патниците од Македонија им била укажана лекарска помош во КБЦ Загреб и КБ Дубрава.

Со тешки телесни повреди се здобиле 25-годишен возач и двајца малолетници, а полесно се повредени 28-годишен, 25-годишен и малолетник.

За да се изврши увид од 02:51 до 05:15 часот, сообраќајот беше затворен на авенијата Славонски во правец кон исток, во тој дел и се одвиваше преку населбата Ивању Реку и околните населени места.

На местото на настанот излегол дежурниот заменик на општинското државно правобранителство кој извршил увид.

Спонзорирано: