23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Корупциски скандали и превирања во ВМРО-ДПМНЕ со заеднички именител – пари

Соопштение на СДСМ:

Не помина цела година од локалните избори, а ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско лице.

Се потврди дека не им се важни интересите на граѓаните, туку само парите, криминалните тендери, провизиите, партиските вработувања и личните интереси.

Шпицниот градоначачник Христијан Мицоски и скопската градоначалничка Данела Арсовска се скараа, не за идеолошки или политички прашања, туку за јавните пари, за тендер вреден 136 милиони евра.

Нивната кавга може да го загрози проектот за пречистителна станица за Скопје, исто како што им останаа ненабавени ветените 250 еколошки автобуси, за чија набавка Мицкоски и Арсовска заедно преговараа.

Во ВМРО-ДПМНЕ заглавени во деструкции и криминал, превирањата им станаа јавни, со парите како заеднички именител.

Јавноста се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, шпицниот градоначалник Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор.

По криминалниот проект Скопје 2014, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да приредат нова катастрофа Скопје 2024.

Спонзорирано: