Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

135 санкционирани возачи во Скопје, 28 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 28 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ – Приведен 37-годишник во Струмица

ДЕСК

НИТУ ВОЗАЧКА, НИТУ РЕГИСТРАЦИЈА, А ДРЕГЕРОТ ПОКАЖАЛ 1,70 ПРОМИЛИ – Полицијата му го одзеде „фордот“ на 41-годишник од Дедино

ДЕСК

ГИ ПРИСИЛУВАЛА СОПСТВЕНИТЕ ДВЕ ДЕЦА ДА РАБОТАТ И ДА ПИТАЧАТ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 28-годишна мајка од Куманово

ДЕСК