10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Вонредни најави: Следува невреме во овие делови на Македонија

До крајот на денот, за време на вечерните и ноќните часови, како и во текот на утрешниот ден, во поедини места од земјава (претежно во северозападните делови) се очекува локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и во форма на невреме.

Доколку поројните врнежи просторно се сконцентрирани во некои од градските урбани средини, можни се локални, изолирани проблеми во населените места, а исто така можно е и зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, како и низ урбаните средини каде се можни локални краткотрајни но интензивни врнежи од дожд во попладневните и вечерните часови на денов.

Спонзорирано: