Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нови мерки за финансиска поддршка на земјоделците

Владата усвои измени и дополнувања на Програмата за спроведување интервентен фонд за земјоделството и во согласност со новите финансиски средства, ќе се имплементираат нови мерки.

Во согласност со мерките се обезбедува финансиска поддршка:

– за произведена и продадена зелка за периодот од 13.4.2022 година до 7.5.2022 година во висина од три денари за килограм,

– за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива во производство на пченица и јачмен во висина од 3.000 денари за хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива, како и

– за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи за периодот од 20.8. 2022 година до 30.9.2022 година во висина од два денара за килограм откупена во август и четири денари за килограм откупена во септември.

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше усвоена и информацијата за реализација на првата фаза – водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово и добивање одобрение за почнување постапки за повеќегодишни јавни набавки за реализација на активностите за општините Свети Николе и Лозово.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК