Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен е криумчар, превезувал 11 мигранти од Сирија

На 12.9.2022 во 10:15 часот пред тунел Јаворица, на автопатот А1 во правец Гевгелија-Демир Капија, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ, Полициска станица Богородица, го лишиле од слобода П.Ч.(22) од Скопје.

При контрола на патничко возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.

Лицата мигранти се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против П.Ч. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК