Вицепремиерот Маричиќ во гостувањето на „Топ Тема“ изјави дека Владата има јасна цел и дека се водат од државните итереси, државничките пориви и желбата да се однеси државата напред, потенцирајќи дека едниот интерес е да се зачува нашиот идентитет и јазик, а вториот, Северна Македонија, да стане членка на Европската Унија.
„Никој не може да ни го оспори идентитет и да ни го земе, без наша волја и желба, а кај нас нема никаква волја за бришење на нашиот идентитет, напротив ние инсистиравме македонскиот јазик да се најде во преговарачката рамка, и се најде. Ние инсистираме Фронтекс договорот да биде потпишан на македонски јазик без додавки и така ќе биде“, изјави Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ смета дека сето ова го прави ВМРО-ДПМНЕ за да ја покрие и својата безидејност и за да го покрие својот став, потенцирајќи дека граѓаните многу пати се изјасниле дека се за членство во ЕУ, од 91 па наваму тоа е континуитет, како и сите политички партии.
„Меѓутоа едно е да сте како ВМРО-ДПМНЕ “за“ ЕУ само на хартија и за НАТО, а друго е кога ќе дојдат овие тешки одлуки исто како за Преспанскиот договор да учествувате во носењето на тешките одлуки, мислам дека ВМРО-ДПМНЕ се крие зад идејата за референдум само за да не преземе одговорност, рече вицепремиерот Маричиќ.
Маричиќ во „Топ тема“ потенцираше дека никој не оди против волјата на граѓаните и дека нивната волја е да станеме членка на ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик и дека Владата таа агенда ја исполни, додавајќи дека не сакаат да се дел од несигурната и нестабилна агенда на Мицкоски, кои инсистираа на референдум за преспанскиот договор, а не учествуваа.