13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Христијан Мицкоски: Со Данела Арсовска тргнавме по различни патишта

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го потврди раздорот меѓу најголемата опозициска партија и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Мицкоски рече дека во животот не секогаш се исполнуваат очекувањата
„За мене е важно Скопје да се развива и затоа поддржавме независен кандидат и во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се исти како што сте ги имале тие очекувања, а потоа едноставно патиштата можат да одат во различни насоки во животот“, изјави Мицкоски.
На прашањето дали ќе продолжи да биде дел од мнозинството во Советот на Град Скопје, Мицкоски не одговори конкретно, но рече дека ќе го поддржи секој проект за доброто на градот.

„Што се однесува до мнозинството во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има лидер, професорот Трајко Славевски е таму, имаме мнозинство, но работите се флуидни, денес имате, утре немате, не е многу важно“. рече Мицкоски.
Град Скопје го разреши директорот на ЈП Водовод, Златко перински, а генералниот секретар Ѓоко Велковски објави дека си поднел оставка. Мицкоски рече дека тие и натаму ја имаат неговата поддршка.

Спонзорирано: