Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Референдумот на Мицкоски е против македонски јазик во ЕУ и на штета на идентитетот

Соопштение на СДСМ:

Иницијативата за референдум на Христијан Мицкоски е против македонскиот јазик, прави штета на идентитетот, насочена е директно против евроинтеграцијата на државата.

Сите официјални институции на Унијата потврдија дека процесот на преговори за членство го водиме како Македонци со заштитен македонски идентитет, со чиста формулација на македонскиот јазик.

Но, Мицкоски по секоја цена дејствува антиевропски и на штета на државните и националните интереси, без било какво чувство за државност, своите политики ги води според личните потреби и интереси.

Мицкоски со референдумот има за цел да си ја спаси разнишаната фотелја во Белиот дворец, бидејќи и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ не се сложуваат со него.

Со иницијативата за референдум, со активните и пасивните блокади Мицкоски сака да го попречи нормалното функционирање на државата, во време на економска и енергетска криза, работи на штета на граѓаните и на компаниите.

Но граѓаните го прочитаа, доста им е од деструктивните и ретроградните политики на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, што јасно им го порачаа на вонредните локалните избори.

Мицкоски останува изолиран, а неговите деструкции повторно ќе бидат поразени.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди

ДЕСК

Пет лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно шест пријави во Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп во последното деноноќие

ДЕСК