Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена жената која се изгуби на Китка додека планинарела со сопругот

Скопјанката која се изгуби вчера за време на планинарење на планината Китка е пронајдена од страна на службите.

Таа била на планината заедно со нејзиниот сопруг, соопшти МВР.

„На 10.09.2022 oколу 18.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево на планината Китка ја пронашле Р.С.(54) од Скопје, за која во 15.44 часот во Полициската станица Драчево нејзиниот сопруг В.С.(56) од Скопје пријавил дека, додека биле на планината, во близина на планинарскиот дом, се оддалечила и најверојатно се изгубила. На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач“, соопшти полицијата.

Жената набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК