Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени дилери од Струмица, пронајдени кокаин и марихуана

Полицијата ги приведе Б.Х.(28) и М.Д.(33), и двајцата од Струмица. При преглед на Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а при претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба на Основен суд Струмица, биле пронајдени две ќеси со кокаин и две пакувања со марихуана.

Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Струмица, известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, а против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Необично топло за ноември, во Скопје до 26 степени

ДЕСК

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК