17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец, кај него пронајдени пиштол, куршуми и девизи

Полицијата го приведе 33-годишниот В.И. од Скопје.

Кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“, калибар 7.65 мм, рамка со пет куршуми и странски валути во поголем износ.

Тој бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.