Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија: Во куќа во Кавадарци пронајден починат маж

На 08.09.2022 во 10.30 часот во ОВР-Кавадарци М.М (49) од Кавадарци пријавил дека се шири непријатен мирис од соседната куќа,во која сам живеел неговиот чичко И.М. (70) од Кавадарци.

Полициски службеници излегле на лице место и бидејќи влезната врата била заклучена, во координација со ТППЕ Кавадарци, била отворена вратата и во куќата е пронајдено телото на И.М..

Од Итна медицинска помош е констатирана смрт со видливи изгореници на телото. По наредба на јавен обвинител од Кавадарци, телото е предадено на обдукција на Институт за Судска медицина –Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК