Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двоцифрен број ковид-заразени во последното деноноќие, починаа тројца пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на Ковид-19: Скопје– 26, Битола и Прилеп– по 2, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79г-89г. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови.

Пријавените се починати во период од 10 – 29.8.2022.

Досега во земјата бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506, а бројот на активни случаи изнесува 1.032

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК