Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски постави нови амбасадори во Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, денеска потпиша укази за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Словачката Република, во Канада, во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Република Бугарија.

За амбасадор во Словачката Република е поставена Евгенија Илиева, во Канада за амбасадор е поставен Агрон Буџаку, додека во Кралството Норвешка за амбасадор е поставен Дритон Кучи.

Методија Белевски е поставен за амбасадор во Кралството Белгија, додека за амбасадор во Република Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „ИЛИНДЕНСКА“ ВО ТЕТОВО – „Сузуки“ удрило во 56-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница

ДЕСК

ДАЛА 450 ЕВРА ЗА МЕБЕЛ, ПО ДВА МЕСЕЦА НИТУ МЕБЕЛ НИТУ ПАРИ – 50-годишна жена од Тетовско пријавила измама

ДЕСК

АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

ДЕСК