Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Седиме на европската маса и говориме во наше име

„ Дијалошките маси се нашата силна страна. Имавме низ годините многу пријатели и лобисти и аргументи – имаме и денес. Но, на европската маса нас нè немаше. А, сепак и во такви услови, на светот му ја вративме вербата во функционалноста на дипломатијата, преку којашто постигнавме решение за долгогодишен исцрпувачки спор“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на централната прослава за 8 Септември – Денот на независноста.

Тој додаде дека сега на европската маса ќе говориме во наше име и ќе се слушнат и нашите аргументи и ставови.

„Очекуваме ова да олесни во предизвиците и во овој европски почеток, коишто, како во секој почеток – разбирливо будат внимателност кај сите нас. И тоа е добро, да сме заеднички внимателни“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека интеграциите се битката на генерациите на денешницата и дека оваа битка бара од нас несебично и храбро политичко лидерство.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК