18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски од Пеленица: ВМРО-ДПМНЕ го блокира патот кон ЕУ, бидејќи таму нема место за ретроградни политичари

„Додека СДСМ води кон реформи во судството и борба против корупцијата преку европеизација, ВМРО-ДПМНЕ ги бара назад времиња во кои се чустуваат удобно во нивните криминални методи. Единствена причина зошто ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира нашиот пат кон ЕУ е затоа што таму каде што се движи земјата, таму нема место за ретроградни политичари“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на традиционалниот народен пикник на Пеленица.

Тој додаде дека во политиката не калкулира и не отстапува и дека со тоа се покажува разликата меѓу СДСМ и опонентите.

„СДСМ е државнчка партија која води напред и го гледа државниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ е парија која само ги гледа своите тесно партиски интереси. СДСМ е партија која води кон иднината, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од иднината, тие водат единствено назад кон времиња на несигурност, безперспективност, блокади и деструкции“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека со членството во ЕУ нема веќе простор за узурпација на институциите, за нови прислушувања и притисоци, нема место за нереформирани партии како ВМРО-ДПМНЕ, кое никако да ја научи лекцијата.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК