Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Пеленица: Со ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаме враќање назад и неизвесност

„Граѓаните никогаш немале појасен избор иако многумина сакаат да не прикажат како исти. Со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот проруски партнер Левица имаме со сигурност враќање назад и неизвесност. Тоа тие не го ни кријат, тоа тие јавно го кажуваат“ рече премиерот Димитар Ковачевски на традиционалниот народен пикник на Пеленица.

Тој рече дека деновиве сведочиме на очајни обиди за блокада на европските интеграции со референдумот осуден на пропаст и без поддршка ниту од опозициските партии, ниту од самите поддржувачи на Мицкоски.

„Покрај тоа што е антиевропски оваа иницијатива е последната потврда на хипокризијата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Неискреноста, лажниот патриотизам веќе не поминуваат, прочитани се од сите граѓани. Затоа Мицкоски и неговите пратеници не гласаа против предлогот во Собрание. Затоа најавуваше поништување на територијалната поделба а не го направија тоа. Затоа избегаа од референдумот за Преспанскиот договор. Затоа и поставија прашање за Договор за кој јавно кажаа дека го поддржуваат“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека неискреноста и политиканството ќе му ја завршат кариерата на Мицкоски и дека за тоа ќе биде самиот виновен, а не народот кој сака државата да ја водат луѓе со искрени намери и со јасна цел во интерес на сите.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК