Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

207 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (8 септември) од 10 до 17 часот спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која биле откриени вкупно 207 прекршоци(ТЕ-130 и ГВ-77).

Од нив, 117 возачи возеле пребрзо надвор од населено место. Пет возачи ((ТЕ-3 и ГВ-2) ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место за повеќе од 70 километри на час, а 49 (ТЕ-19 и ГВ-30) над 50 километри на час.

Во контролата санкционирани, исто така, се и 90 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-70 и ГВ-20), од кои 1(ТЕ) над 50 километри на час, како и 6 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-5).

СВР Тетово апелира до возачите да не возат пребрзо, зашто токму неприлагодената брзина е причина број еден за сообраќајни несреќи.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК