Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски и Чапутова положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката Чапутова, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Словачката Република, се одржа заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК

Драма во Карпош рано утрово: Скопјанец претепан од неколку лица, полицијата истражува кои се тие

ДЕСК