12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Поради неодговорноста на Муцунски, училиштата во Општина Аеродром останаа без храна за учениците

Општина Аеродром и Тимчо Муцунски ја дочекаа новата учебна година без обезбедена ужина за учениците во основните училишта. Веќе четврти ден од почетокот на учебната година учениците од речи си сите училишта останаа без топол оброк кој до лани го добиваа во организација на училиштата. Согласно бројните поплаки кои пристигнуваат од нашите сограѓани, во сите основни училишта освен во Ѓорѓија Пулевски, дадени им се насоки на родителите дека до 15-ти септември ќе мораат самите да обезбедат по два оброка дневно за своето дете, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека според податоците достапни преку електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, ниту Општина Аеродром, ниту основните училишта на територија на општината, до овој момент немаат распишано оглас за избор на оператор за услугата топол оброк за основните училишта.

Тимчо Муцунски и Општина Аеродром им должат одговори на граѓаните. Кога планираат да распишат оглас за јавна набавка за топол оброк за учениците во основните училишта? Уште колку долго родителите на овие ученици ќе мораат да обезбедуваат по два оброка дневно за своите деца?

Од СДСМ прашуваат кои се причините што огласот не е распишан на време и јавната набавка не е завршена пред почетокот на учебната година? На кој начин планира да ја спроведе јавната набавка за услугата топол оброк имајќи предвид дека на електронскиот систем за јавни набавки на БЈН во моментов нема ниту еден активен оглас за оброк во училиштата на територија на Општина Аеродром?

Тимчо Муцунски им вети на граѓаните дека по неговиот избор за градоначалник проблемот со навременото обезбедување на ужина за учениците во основните училишта ќе биде надминат.

Ова е уште едно неостварено изборно ветување на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ. Учебната година започна, а ужина за учениците од основните училишта до овој момент нема, се вели во соопштението од СДСМ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T