6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Мицкоски го одолговлекува референдумот, бидејќи не е храбар да истакне дека е против ЕУ

„Мислам дека Мицкоски ја завлекува работата со референдумот, затоа што имаат проблем со формулирање на прашањето. Тие сакаат наводно да направат некаков референдум, но мислам дека не се доволно храбри за да истакнат што им е целта. Треба отворено да се каже дали се за членство во ЕУ или не“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека пробуваат некако да го формулиираат скриено прашањето за да не ги растурат надворешнополитичките релации.

„Ние направивме чекор напред кон ЕУ по долги години. Со таков експеримент како референдумот може само да се вратиме назад. Мицкоски тоа го прави за внатрепартиски цели“ изјави Богоев.

Тој рече дека паднаа во вода и обвинувањата за бугаризација и дека македонскиот јазик е признаен од сите држави во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Рацин.мк: Горан Марковски должи одговор на прашањето каква е неговата поврзаност со фирмата ДИПКО

C +

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

C +

Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

C +