23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски за РТС: ЕУ не е целосна без Западен Балкан, ги делиме истите вредности

„Официјалните лица на ЕУ никогаш не го доведуваат под прашањето проширувањето на ЕУ. Јас го делам тоа мислење бидејќи без Западен Балкан, ЕУ не е комплетна. Ние сме инхерентен дел на ЕУ, ние ги делиме истите вредности и нашите граѓани од секој аспект се дел од ЕУ“ изјави премиерот Димитар Ковачевски за српската РТС.

Тој додаде дека Северна Македонија го имаше веројатно најтешкиот пат за почеток на преговорите, но дека сега отворените прашање за затвориме и имаме јасен патоказ како ќе се одвива процесот на пристапување.

„Оние прашања кои што беа дилеми веќе се надминати. Во преговарачката рамка стои чист македонски јазик, идентитетот на македонскиот народ е загарантиран во рамките на преговарачката рамка и целиот преговарачки процес, а историските прашања се дел од работата на историската комисија и не се дел од преговарачкиот процес. Она што ние го имаме како обврска на тој пат, што впрочем го имаа и голем број на други земји е уставно прилагодување со тоа што Северна Македонија има уште една дополнителна активност која треба да ја направи, а тоа е вклучување на делови од други народи кои живеат во нашата држава“ рече Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека Северна Македонија е мултикултурна, мултиконфесионално и мултиетничко општество и е добро тоа што и дополнителни народи ќе влезат во Уставот бидејќи земјава е Европа во мало.

„ЕУ е заедница на различности, а Северна Македонија е токму држава во која што сите заедници, односно сите народи, граѓаниж, без разлика на нивната припадност имаат еднакви можности за личен и професионален напредок“ рече Ковачевски.