Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев на гости кај Вучиќ

Српскиот претседател вели дека е среќен што Заев денеска е во Белград.

И поранешниот премиер Зоран Заев денеска е во Белград каде од вчера до недела одржува четиридневниот саем за вино, храна и туризам во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а денеска се одржа и традиционалниот политички самит.

За присуството на Заев во српската претстолнина на Инстаграм се пофали српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека е горд што може да го угости поранешниот премиер кој е еден од основачите на Отворен Балкан.

„Посебно сум среќен што можев да го поздравам у угостам искрениот пријател и еден од основачите на Отворен Балкан, Зоран Заев, денеска во Белград“, напиша Вучиќ под заедничката фотографија со поранешниот премиер.

Фотографијата, според информациите објавени на инстаграм е направена во Палатата „Србија“ каде денеска се одржа политичкиот самит.

На саемот покрај политичките лидери на трите држави дел од Отворен Балкан – српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствува и црногорскиот премиер во заминување Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК