23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шкријељ: СДСМ обезбедува инклузивно образование – вработени се 725 образовни асистенти

„СДСМ обезбедува инклузивно образование достапно за секое дете, кое ги почитува и прифаќа различностите, кое овозможува сите деца со попреченост да имаат еднакви шанси за образование и придонес во општеството. За учебната 2022/2023 година обезбедени се средства за вработување дополнителни 225 образовни асистенти, со што вкупната бројка за новата учебна година се искачи на 725 асистенти. Минатата учебна година беа вработени 500 образовни асистенти во наставата за децата со попреченост за кои беа обезбедени 216 милиони денари“, рече на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Таа посочи дека „во согласност со новиот Закон за основното образование 5-те посебни училишта се трансформирани во основни училишта со ресурсни центри, а посебните паралелки се петворени во центри за поддршка. Во редовна настава се вклучени 911 ученици со посебни образовни потреби, а во ресурсните центри има вкупно 381 ученик“.

„Доделени се 426 стипендии за деца со посебни образовни потреби, ученици во прво и второ одделение, кои редовно следат основно образование во рамките на проектот ‘Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран’, финансиран од Делегацијата на Европската Унија. Преку овој проект обезбедени се дополнителни 13 сензорни соби во 13 училишта, 8 инклузивни игралишта во дворовите на училиштата, 1 сензорна градина, 1 електромоторен транспортер за качување по скали, дидактички материјали и асистивна технологија за 5 училишта“, рече таа.