Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Привремено се укинуваат царините за млеко и павлака

Со цел да се намали растот на цените, Владата денеска донесе одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година) на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45 отсто и царинската стапка од 15 отсто за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер со содржина на маснотија по маса што надминува 10 отсто, но не надминува 45 отсто во амбалажа, чија нето маса не надминува 2,5 кг.

Од владината прес-служба соопштија дека увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од пет отсто.

Можеби ќе ве интересира

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +

Неколку улици во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај: за утре најавен протест на ССМ

C +

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

C +