22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новинарот Ивановски: Продолжуваат вербалните напади кон жени на портпаролот Стоилковски

Зошто Стоилковски на прес конференција се занимава само со жени? Вербално ги напаѓа. Познат по шовинистички и сексистички изрази против екс министерката Нина Ангеловска која ја нарекуваше Нина Групировка алудирајќи на напад кон нејзината чест како жена, пишува Саше Ивановски од Мактел.

– Ја нападна и министерката Бисера Стојчевска која ја нарече скафандер терорист.

Мета на напад беше и Сања Лукаревска, која според Стоилковски напредувала во СДСМ не затоа што е способна туку затоа што била блиска со Зоран Заев?!

Сега најнова жртва му е пратеничката Моника Зајкова за нејзина викендица во Маврово, зошто имала викендица, како да е тоа нешто страшно?!, прашува Ивановски.

Поради ова однесување на Стоилковски реагираше и форумот на жени на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Форумот на жени на СДСМ остро го осудува шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во неговата објава против новата министерка за финансии, Нина Анегеловска.

Недозволиво и неодговорно е портпарол на парламентарна партија да се служи со родов шовизнизам и мизогинија и во своите објави на социјалните медиуми да употребува сексистички речник и говор на омраза насочен против жените.

Оттука, го прашуваме Христијан Мицкоски, дали се согласува и ја одобрува објавата на неговиот протпарол Стоилковски?

Дали ќе побара извинување од Стоилковски за навредите насочени кон жените?

Ги повикуваме и жените во ВМРО-ДПМНЕ да одговорат дали се согласуваат со навредите на Стоилковски?

Дали неговата објава полна со шовинизам е дел од комуникацијата со жените внатре во партијата? Дали така им се обраќаат на партиски состаноци?

Почитувани,

Очигледно е дека ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е исто како и ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

Тоа е истата матрица на навреди, матрица на понижување на жените и нивните права.

Ги повикуваме сите граѓански здруженија да го осудат овој срамен и недоличен потег на Стоилковски.

Апелираме до сите граѓани да се спротивстват на ваквите ретроградни тенденции кои се спротивни на демократските и универзалните човечеки вредности.

Потсетуваме дека Република Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.

Ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација ја покажуваат подготвенсоста на Владата предводена од СДСМ за унапредување на правата на жените.

Во Северна Македонија, нема и нема да има место за шовинизам, дискриминација и омаловажување на жените.

Благодарам.

За таа своја грешка Стоилковски мораше да се извинува:

Портпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски се извини за тоа што новата министерка за финансии Ника Ангеловска ја нарече Нина Групировка.

Неговото извинување и појаснување како што вели тој, доаѓа по низната рекации во јавноста по повод неговиот статус на Фејсбук.

– Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства.

Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи.
Како Човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил – напиша Стоилковски, пренесува Мактел.