Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ трeбаше да ја поздрават одлуката и да признаат дека Владата вистински се грижи за лозарите

Соопштение на СДСМ:

Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ денеска требаше да ја поздрават одлуката за дополнителните 2 денери по килограм за лозарите и да признаат дека СДСМ, Министерството за земјоделство и Владата вистински се грижат за лозарите.

Со последната одлука Владата воведе дополнителна мерка од 2 денари по килограм за лозарите. Ова значи дека на веќе договорените 13 и 15 денари по килограм, цената на откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревката и 17 денари за вранец.

Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари по килограм што значи дека со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари по килограм за смедеревка и 20 денари по килограм за вранец.

Ова е рекорд, и што е најважно, постигнат е договор преку дијалог со лозарите и винариите, од кој сите се задоволни.

СДСМ секогаш ги поддржувала и ќе ги поддржува лозарите, винариите и сите земјоделци.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК