Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(фото) Граѓаните загрижени: Опасни змии шетаат на територија на општина Аеродром, еве каде биле забележани

Граѓани на социјалните мрежи известуваат за змии кои се шетаат низ општината Аеродром.

Помеѓу касарна во Аеродром и Џевахир има змија!
Со ќеркичката се извадивме од памет. Внимавајте комшии!, порачува граѓанка.

-Деновиве добивме повеќе поплаки од граѓани за појава на змии во Реонски центар и кај Џеваир за присуство на змии кои може да бидат опасност за граѓаните.

Овие случаи се забележани на аголот во Реонски центар каде беше предвидена изградбата општинската зграда, а сега е запуштен дел обраснат со трева, и во делот кај преминот кај Џеваир кај малата црквичка, каде исто така е обраснат со трева.

Ги замолуваме надлежните служби во Општина Аеродром да ги искосат тревните површини на наведените локации за да не дојде до немили настани, пишуваат од фан страницата на фејсбук Ново Лисиче.

-Општина Аеродром има змија позади Џеваир зградите!Бидете внимателни со децата кои го посетуваат игралиштето!, вели друг граѓанин.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК