Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Добивал девизи на неговата сметка, но не ги пријавил во УЈП – МВР му стегна кривична на овој скопјанец поради даночно затајување

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(55) од Скопје кој се сомничи за „даночно затајување“ со кое се стекнал со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 236.229 денари.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, во текот на 2019 година, за реализираните приливи на денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 2.363.229 денари не ги пријавил како друг доход.

Исто така не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и не платил данок на личен доход од 236.229 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК