Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Имаме прв состанок за скринигот со ЕУ, ќе го финишираме процесот побрзо од другите

„Ние веќе имаме отпочнато преговори со ЕУ. Календарот на скрининг процесот веќе е објавен, на 14 септември нашите тимови ќе бидат во Брисел, каде што и официјално се одржува првиот состанок“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека Секретаријатот за европски прашања и вицепремиерот Бојан Маричиќ веќе работат на екипирање на преговарачкиот тим, каде што ќе бидат ангажирани сите институции и експерти кои државата ги има, како и експерти кои не се дел од владините институции, но доаѓаат од академскиот сектор, од деловниот сектор, од невладиниот сектор.

„Скриниг процесот можеме да го завршиме за 14 до 16 месеци, што би било прилично брзо во однос на други држави кои поминувале низ него. Потоа почнува отворањето на поглавјата“ кажа Ковачевски.

Премиерот рече дека пред да почне отворањето на поглавјата, ние треба да направиме уставни измени со кои во Преамбулата на Уставот треба да се внесат делови од други народи кои живеат во државата. Како што кажа тој, во моментот се разговара за Бугарите, Хрватите, Црногорците, но интерес имало и од израелскиот народ и од Египќаните.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК