Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Ново невреме надоаѓа накај Скопје – УХМР објави мапа како се движат темните облаци

Нестабилна облачна маса од југоисток го зафаќа Скопското подрачје.

Пред зоната на нестабилност има силен ветер, а облачноста е проследена со пороен дожд и грмежи.

ОД УХМР известуваат дека нестабилна облачна маса проследена со силен ветер, пороен дожд и грмежи од југоисток ја зафаќа Скопската Котлина и се движи кон север и северозапад. Најинтензивни процесите се во источните делови од котлината.

До крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК