Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Гостивар

Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар расчистија шест кражби и тешки кражби, за чие извршување се сомничи 44-годишниот Б.С. од Гостивар. Вчера (21 август) околу 13 часот и 30 минути во Гостивар, тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Инаку, Б.С. во текот на оваа година, најчесто во централното подрачје на Гостивар противправно одземал скапи велосипеди, кои потоа ги препродавал на други лица. Дел од украдените велосипеди се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК