Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Георгиевски: Исплатени се 5,5 милиони евра субвенции за обележани грла говеда на околу 9.700 одгледувачи

Изминативе денови, исплатени се 5,5 милиони евра субвенции за обележани грла говеда на околу 9.700 одгледувачи, објави на прес-конференција, Гоце Георгиевски, од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Нагласи дека извршена е исплата и на финансиската поддршка за презимени пчелни семејства во износ од 210 милиони денари до околу 5.900 пчелари.

„Со донесениот ребаланс на буџетот за 2022 година обезбедени се 2,7 милијарди денари, средства со кои оваа година комплетно ги расчистуваме заостанатите обврски кон земјоделците, а започнуваме и со аванска исплата на земјоделците. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има план. Имаме план и знаеме што треба да се направи за да ја поминеме кризата колку што е можно подобро и поефикасно. Воспоставивме динамика за исплата на субвенциите во која никој нема да биде запоставен“, изјави Георгиевски.

Додаде дека следуваат исплатите за овци, кози и гоеници.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +