Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

До 13 часот во Центар Жупа излезноста 25 отсто

Изборниот ден во општина Центар Жупа минува тековно, со зголемен процент на излезност.

До 13 часот, правото на глас го искористиле 1817 граѓани или 25 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи во Единствениот избрачки список.

– Во сите 16 избирачки места, изборниот ден минува без проблеми, а поголема излезност се очекува во попладневните часови, изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Споредено со повторените избори на 17 април, кога излезноста беше 18,17 сега таа е повисока за 6,83 отсто.

Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијата е во некоја од западноевропските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Нивното присуство сега се очекува да го обезбеди потребниот цензус од 2.385 гласачи.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК