Доколку сакате да го зачувате вашето здравје, обрнете внимание на овие совети.
Една од поновите поговорки вели дека не треба да се расправате со лекари, полицајци и келнери, бидејќи секогаш ќе го добиете „подебелиот крај“ во тој конфликт. Последните од серијата можат да ви го расипат состанокот во пријатно друштво.
Еден новинар разговарал со келнерите и дошол до вредни бар совети – што не треба да нарачате во угостителските објекти.
Млечни шејкови: Љубител сте на овие видови коктели, но келнерите тврдат дека користат млеко со изминат рок.
Точено пиво: Подобра опција е секако флашираното пиво, иако е малку поскапо. Имено, точилата многу често се полни со бактерии и ретко се чистат. Доколку сакате да знаете каква е хигиената на точилата, погледнете ја хигиената на шанкот, препорачуваат келнерите.
Мохито: Дали ви се допаѓа овој коктел? Па, ќе мора да ве растажиме, за тоа најмногу се користи суво нане и скапани лимети.
Сè што е замрзнато: Никогаш не земајте мраз од кафулиња. Кажете им на келнерите да не ви го ставаат затоа што машините за мраз обично се валкани.