Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Овие хороскопски знаци се најдобри во кревет

Некои луѓе се подобри од другите кога станува збор за водењето љубов. Дали има врска со хороскопот? Проверете што велат астролозите.

Скорпија
Скорпиите се многу интригантен знак, а кога ќе ја донесат својата мистерија во кревет, сè станува уште повозбудливо. Сакаат да експериментираат, доминантни се и тоа е она што ги прави одлични партнери во кревет.

Близнаци
Со оглед на тоа дека Близнаците важат за поделени личности, тие во креветот покажуваат и покорна и доминантна страна. Секогаш имаат „финти во ракавите“, сакаат да користат секс играчки и никогаш не е досадно со нив.

Лав
Самоуверените и шармантни Лавови поседуваат заводлива харизма која може да шармира секого. Најмногу сакаат интензивна предигра, а многу им е важно партнерот да биде посебен во кревет.

Вага
Вагите се одлични во кревет и знаат како да му угодат на партнерот, како да ги задоволат сите нивни желби. Со Вага само треба да се опуштите и препуштите…

Риби
Многу чувствителните Риби секогаш реагираат емотивно за време на сексот. Ќе се трудат покрај нив да се чувствувате безбедно и опуштено, а доколку не им возвратите, нема да ви држат лутина. Подгответе се да ве изненадат со некои потези за кои не сте ни знаеле дека постојат.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 26 јули 2025

ДЕСК

Кому ќе му тргне деновиве?: Специјален викенд хороскоп

ДЕСК

Дневен хороскоп за 25 јули 2025

ДЕСК