11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Тетово: Европските бреднови да се произведуваат во Тетово и тука да ги носиме европските вредности – тоа е европско Тетово

„Овде, во нашето Тетово, за многу брзо, целосно ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на македонската индустрија и наш нов македонски бренд низ светот. Европски брендови да се произведуваат во Тетово и тука да ги носиме европските вредности – ете на тоа мислиме кога зборуваме за европско Тетово“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на завршната конвенција пред локалните избори во Тетово.

Тој додаде дека она што денес е камен-темелник во Тетово, утре ќе биде работно место за најмалку 900 лица од Тетово и околината.

„Во изминатите четири и пол години, СДСМ преку централната власт, преку институциите, во Тетово вложи многу повеќе отколку за две децении претходно. Тетово веќе четири и пол години не е заборавена, изолирана општина, туку општина која се развива на секое поле. Досегашните влади предводени од СДСМ досега овде во Тетово реалзиираа и поддржа низа крупни проекти, кои го менуваат животот на тетовчани на подобро“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Тетово доби нов затворен пливачки базен, се инвестираше и се поддржа изградба на студентски дом, се реконструира регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, се изгради нов училиштен објект во Мала Речица, се реконстурираше СОУ Кирил Пејчиновиќ и се изгради филтер станица на водоснабидетелн систем во градот.

Спонзорирано: