Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Аџиевци: Нова водоводна мрежа за Аџиевци, проект вреден блиску 400 000 евра

Денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја продолжува посетата на реканскиот крај во општина Маврово и Ростуше, со средба со жителите од населеното место, Аџиевци.

Аџиевци, после подолг период конечно добива нова водоводна мрежа, проект вреден блиску 400 000 евра, што е втора најголема инвестиција во Маврово и Ростуше.

Аџиевци веќе ги чувствува придобивките од проектите кои ги реализираше кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски.

Изграден е нов локален пат со кој се поврзуваат населените места Присојница и Аџиевци во вредност од над три милиони денари. Со ова значително се олесни комуникацијата меѓу овие две населени места.

Аџиевци е пример дека во тесна соработка помеѓу општината и жителите, може да се создаде поубаво и побезбедно место за живеење. Со материјали обезбедени од општината и работна акција на месното население, во Аџиевци е изграден потпорен ѕид на локалната улица, со што се обезбеди поголема сигурност при движењето на жителите.

“Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник, планирана е изградба на обиколен пат, уредување на спортски терен, реконструкција на училишната зграда и чистење и уредување на диви депонии. Нема посилен аргумент од исполнителноста на Медат Куртовски. Медат докажа дека работи за секое едно населено место во Маврово и Ростуше, дека не ги дели граѓаните на ваши и наши, и токму затоа на 20 август ќе ја добие поддршката од жителите на Аџиевци и цело Маврово и Ростуше”,” порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК