Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бочварски: Бројни реализирани проекти се доказ за нашата грижа за Тетово, во сабота да гласаме за број 1 за советничката листа на СДСМ и коалицијата

Членот на Централниот одбор Благој Бочварски денеска беше помеѓу граѓаните на Тетово каде ја побара поддршката за советничката листа на СДСМ и Коалицијата предводена од носителот Глигорие Стојановски.

На средбите со граѓаните Бочварски истакна дека СДСМ преку централната власт вложува во развојот на Тетово, дека тоа ќе продолжи да го прави и во следниот период, и додаде дека важно е новото мнозинство во Советот да биде коректив на работата на градоначалникот.

„Овде како централна власт го финансиравме проектот за реконструкција на патот Тетово – Попова Шапка во должина од 18 километри како и улиците „Гоце Делчев“ и „Гоце Стојчевски“ како и многу други локални патишта кои ги поврзуваат населените места во општината. И важно е овој развој на градот да продолжи и ќе продолжи а гарант за тоа се политиките на СДСМ.“ порача Бочварски.

Во сабота, повика Бочварски, масовно да гласаме за бројот Еден, да гласаме за СДСМ и Коалицијата, да гласаме за европско Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК