Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: „Мицкоски веднаш нека си даде оставка“

Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата, реагираат од СДСМ.

Според владејачката партија, Мицкоски, кој самиот се прогласил за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврдил дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето, му е само за внатрепартиска и лична употреба.

„Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ“, наведуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК