Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Драма во Скопје: Додека си одел со своето возило од угостителски објект во Козјак кон Кисела Вода почуствувал болка во раката – со повреда од дијабола маж однесен на клиника

На 13.08.2022 во 17.44 часот во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ донесен е повреден Љ.С.(64) од Скопје.

Според пријавеното, околу 15.30 часот на пат од угостителски објект на Козјак кон населба Кисела Вода, додека управувал патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, почувствувал болка во дланката, по што забележал дека бил погоден од дијабола. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК