22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

ИСКЛУЧЕТЕ ГИ ХОРМОНИТЕ ЗА ДЕБЕЛЕЊЕ И ТРАЈНО ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД КИЛОГРАМИТЕ: Со овој докажан лекарски метод се топат килограми

Доколку поголемиот дел од времето го поминувате во вежбање и здраво хранење, а килограмите само ви се „лепат“, особено во пределот на стомакот, постои можност хормоните, односно нивната нерамнотежа да се главните виновници.

За среќа, можно е да се влијае на хормоните на сосема природен начин. Со намалување на количината на шеќер, елиминирање на преработената и брза храна, избегнување на млечни производи, алкохол и кофеин, добро ќе влијаете на нивото на шеќер и инсулин во крвта.

Овие 5 знаци покажуваат дека салото се должи на неправилна работа на хормоните:

1. Се храните правилно, а сепак добивате сало на половината

Доколку поголемиот дел од животот сте имале релативно рамен стомак, а потоа се случува да ви порасне стомакот „преку ноќ“, причината би можеле да бидат хормоните.

„Со возраста, телото може да стане нечувствително на инсулин, што значи дека почнува да ги храни мастите наместо да ги согорува. Кај жените доминацијата на естрогенот се зголемува како што се приближуваме до перименопаузата, а тој ја поттикнува отпорноста на инсулин, што потоа предизвикува акумулација на сало на стомакот“, објаснува нутриционистот Сара Готфрид.

2. Телото не ви испраќа сигнал дека сте сити

Отпорност на инсулин, вели др. Готфрид, може да влијае и на некои други важни хормони.

„Има големо влијание врз лептинот, таканаречениот хормон на гладот, кој му кажува на телото кога е сито. Зголеменото ниво на инсулин може да доведе до покачено ниво на лептин. Тоа не значи, како што помисливте, дека можеби поради тоа ќе препознаете кога треба да престанете да јадете – постојано покачениот лептин може да предизвика лептинскиот рецептор да престане да функционира“, вели др. Готфрид.

Тие рецептори потоа престануваат да испраќаат сигнали до мозокот кои им кажуваат дека сте имале доволно храна и се случува нешто сосема поинакво од она што треба да го контролира лептинот – ќе продолжите да јадете и нема да го добивате сигналот што вели дека сте сити, последиците во форма на зголемување на телесната тежина се неизбежни.

3. Имате чести промени во расположението

Во годините пред и по менопаузата, нивото на естроген кај жените драстично се менува, што влијае на промените на расположението и на таложење на салото на стомакот.

Според бројни студии, овие промени се причината поради која жените имаат поголем ризик да развијат нарушувања на расположението од мажите. Тоа е и период од животот во кој жените почесто пријавуваат појава на депресија. Промените во нивото на естроген се сосема природни во тој период, па затоа не треба да се обвинувате себеси за зголемување на телесната тежина, вели др. Готфрид.

„Ако неуспешно се борите против насобраните килограми, не се обвинувајте себеси и вашата лоша дисциплина. Веројатно е дека вашите хормони се свртеле против вас“, вели таа.

„Наместо тоа, фокусирајте се на она што можете да го контролирате и обидете се да бидете сигурни дека вашите оброци содржат многу зеленчук, посни протеини, сложени јаглехидрати и здрави масти.

4. Постојано сте под стрес

Друг важен играч во хормоналната игра кој во голема мера влијае на тежината е кортизолот, вообичаено наречен хормон на стрес. Нивото на кортизол се зголемува кога вашето тело ќе почувствува дека сте премногу вознемирени и загрижени, а тие исто така може да доведат до таложење на маснотии на стомакот.

Според д-р Жаклин Монтоја, ова се случува затоа што телото оди во режим „бори се или бегај“. Високото ниво на стрес и анксиозност може да го стави телото во режим на преживување каде што нивото на кортизол се зголемува и му кажува на телото да складира повеќе масти.

5. Исцрпени сте и страдате од несоница

Несоницата и исцрпеноста можат да бидат јасни знаци дека хормоните се виновни за зголемување на телесната тежина. Недостатокот на сон предизвикува замор, што доведува до стрес и несоница, а тоа влијае на нивото на хормоните, особено на кортизолот. „Неговото високо ниво може да доведе до намалување на нивото на тироидните хормони, што може да предизвика сало на стомакот“, објаснува д-р Монтоја.

Како да ги победите хормоните за 40 дена и да изгубите тежина трајно:

Главниот проблем во борбата против хормоналната нерамнотежа што предизвикува таложење на сало во половината е што се е поврзано – една промена во телото води до друга. Сепак, не е неопходно веднаш да се посегне по лекови, бидејќи и промената на животниот стил може многу да помогне.

„Со паметен дневен избор на храна, редовно вежбање, правилно спиење и управување со стресни ситуации, можете да се спротивставите на хормоналната нерамнотежа“, вели д-р Монтоја и советува:

„Препорачувам да се елиминираат шеќерот, глутенот, млечните производи, алкохолот и кофеинот 40 дена. Важно е да се јаде околу половина килограм зеленчук дневно, заедно со посни протеини. Целта е да се намали нутритивниот стрес со нагло намалување на количината на високо реактивна храна“.

За успешно менување на начинот на исхрана, д-р Готфрид препорачува периодично постење, а особено го нагласува постот 16:8.

Ова значи јадење на сите оброци во рок од 8 часа, проследено со 16-часовен пост. Изберете го времето кога јадете или не јадете според вашиот животен стил. Тој советува и вежби со висок интензитет и задолжителни седум до осум часа сон секоја вечер, бидејќи ако не спиеме добро, постојано ќе бидеме уморни, а кога сме уморни, поверојатно е дека ќе се прејадеме.

Со овој режим се овозможува топење на маснотиите без никакви здравствени последици, а во исто време и нормализирање на работата на хормоните.

Можеби ќе ве интересира

Се дебелеете во СТОМАКОТ или во КОЛКОВИТЕ? – Еве што тоа кажува за вашето здравје и како да се ослободите од вишокот килограми

M T

Докажано кое е оптималното количество сон: Овие хормони растат кога спиеме премногу

M T

Зошто многумина што се обидуваат да се откажат од пушењето се здебелуваат?

M T