Centar.mk
ИЗБОРТЕХНОЛОГИЈА

Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.

Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.

По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.

Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.

„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.

Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.

Можеби ќе ве интересира

ПРВ СИГНАЛ ЗА ЗАБАВУВАЊЕ НА AI ИНВЕСТИЦИИТЕ – Новите дата-центри со пад од 28 проценти

ДЕСК

Калифорнија го тужи OpenAI откако нејзините AI модели извршија хакерски напад

ДЕСК

Microsoft ја откри причината за глобалниот прекин на системите

ДЕСК