22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Кој е во право: Еве дали треба да се тушираме наутро или навечер

Дали житариците прво влегуваат во садот или млекото? За ова прашање многу се дебатира, а во истата група спаѓа уште едно – дали се туширате наутро или навечер.

Некои кои сакаат да се тушираат навечер не можат да замислат да не го завршат денот со релаксирачки туш и тврдат дека никако не можеле да си легнуваат валкани, а веруваат дека благодарение на оваа навика подобро спијат.

Друга група која го цени утринското туширање тврди дека ништо не ги буди и ги освежува наутро, подготвувајќи ги за новиот ден.

И кој е во право?
Според експертите, луѓето кои претпочитаат вечерни туширања се на вистинската страна. Секако, доколку сакате да се туширате наутро, ништо не треба да ве спречи, но вечерното туширање треба да биде задолжително.

– Ако сакате да се туширате наутро, направете го тоа – изјавила Ненси Ротштајн, која себеси се нарекува „амбасадорка на спиење“. „Но, дефинитивно не треба да го прескокнувате вечерното туширање. Многу е важно да си легнете чисти, а навиката за туширање навечер го одвојува денот од ноќта и го подготвува телото за одмор.

Ако случајно сте носеле отворени чевли, што е вообичаено во лето, треба барем да ги измиете нозете пред да заспиете.

– Утринскиот туш дава време за медитација и бавно потопување во нов, напорен ден – изјави д-р Мона Гохара, вонреден клинички професор по дерматологија на Јеил.

И ако мора да се бричите, Гохара вели дека е најдобро да го правите тоа наутро, бидејќи ќе бидете поодморени и со помала веројатност да се исечете. Вашата кожа има корист и од утринскиот туш, кој потоа ќе изгледа подобро и посвежо.

– Вака ја подготвувате кожата да се справи со сонцето, нечистотијата или другите надворешни услови, кои неминовно не напаѓаат штом излеземе надвор – вели д-р Гохара.

Клетките на кожата кои се опуштиле преку ноќ се стимулираат со утринското туширање, а д-р Гохара вели дека ова е особено важно за комбинирана, мрсна кожа или кожа склона кон акни.

Не се туширајте со премногу топла вода
– Млаката вода е најдобра – вели д-р Гохара.

Иако туширањето наутро може да ја направи вашата кожа поздрава, тушот кој е премногу топол може да има спротивен ефект, особено за сува и чувствителна кожа.

Покрај сето ова, експертите велат дека вечерните туширања имаат и многу придобивки за вашата кожа – важно е да ја отстраните целосната шминка, маснотиите, нечистотиите и загадувачите кои се насобрале на вашата кожа во текот на денот. Сепак, можеби најдобриот аргумент во корист на туширањето пред спиење е како тоа влијае на квалитетот на вашиот сон.

– Кога одите во кревет, треба да се чувствувате чисто – вели Ротштајн.

– Цел ден сте излезени, зошто би сакале така да си легнете? Вечерниот туш е составен дел од вашата рутина пред спиење. Може да е време за вас, без телефон, без е-пошта, со пријатна вода што ви тече по телото – објаснува таа.

Можеби ќе ве интересира

Дали ја знаете моќта на ова растение: Еукалиптус во бањата како лек за многу работи

M T