17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Последната Супермесечина пристигнува на 11 август 2022 година: 4 знаци ќе ги доживеат најважните промени

Ние сме во средината на сезоната на Лав и во екот на летото, што значи дека сонцето во последно време го зазема централното место.

Во четврток, на 11 август, полната Месечина ќе има свој момент кога ќе го украде сонцето и ќе зачекори во силно чувство на независност.

Оваа месечина ќе биде и последната Супермесечина во годината, така што ќе изгледа уште поголема од просечната полна месечина поради близината на Земјата.

Се чекаат големи промени за овој голем лунарен момент, па затоа ќе сакате да знаете како полната месечина во август 2022 година ќе влијае на вашиот хороскопски знак.

Оваа иновативна и лунарна енергија нè инспирира да излеземе од нашите вообичаени рутини и да ги ослободиме нашите души од емоционалните окови кои не спречуваат да бидеме тоа што сме.

Бик
Искористете го овој момент за да паузирате, размислувате и прилагодите на пречките кои неодамна се појавија во вашиот живот. Ова ќе биде добредојдено забавување, особено во светло на фактот дека имате многу фрустрации и динамично темпо на работа.

Лав
Овој момент особено ќе го погоди вашето поле за врска, па можете да очекувате бурни моменти, барем додека не ја исчистите главата и не го отворите срцето. Ве очекува дилема помеѓу она што ви го кажува умот и она што ви го кажува срцето. Останете доследни на вашите потреби и желби и обидете се да најдете компромисно решение, тоа секогаш постои, иако можеби не го гледате најјасно.

Скорпија
Она што е сигурно е дека во себе ќе почувствувате борба помеѓу мекиот, емотивен дел од вашето битие и оној што треба да се заштити. Исто така, овој период ќе ги обои вашите сериозни намери, односно потези кои би можеле да влијаат на целиот ваш живот. Ова може да биде купување или изнајмување станови или обновување или ревизија на врската со некој многу близок во семејството – родители, браќа и сестри… Исто така, ова може да се однесува на потенцијално преселување во заеднички простор со партнер, и напуштање на родителскиот дом, пренесува Story .hr.

Водолија
За Водолиите ова ќе биде многу интензивен период во кој во иднина ќе најдат сила да ги прифатат сите свои ексцентричности и без срам да му ги покажат на светот. Бидете слободни да бидете неконвенционални и да се отворите емотивно. Иако ќе бидете многу сериозни, тоа не значи дека ќе се чувствувате лошо; сосема спротивно – ќе ве придружува чувството дека се е во ред и токму како што треба.

Спонзорирано: